Сека брои ситно до породувањето - познато е каде ќе се роди малиот Исак
Српската пејачка Сека Алексиќ (38) наскоро на свет ќе го донесе и своето второ дете, а во деновите пред породувањето се одмора и собира сила за породувањето како и за првите денови со бебето.
Пејачката заедно со сопругот веќе ги подготвуваат работите поврзани со бебето кое ќе се вика Исак.
Името Исак инаку е хебрејско, а значи Бог се насмеал или Бог предизвикал нечија насмевка. Ова име инаку го даваат родителите на децата кои долго ги очекуваат.
-Сека ќе се породи во Белград како што истото го направи и за првото дете. Овој пат Сека е многу повеќе подготвена бидејќи знае што ја чека. Јаков е дете кое има многу родителско внимание и сега мора да се помири со тоа дека ќе има друштво, пренесува избор близок до пејачката.
Изворот додава дека пејачката самата се подготвила за бебето почнувајќи од облеката, детската количка како и играчки за второто нејзино дете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа