Исфрлете ги од исхраната: Неколку намирници кои секојдневно ги конзумираме се штетни за здравјето на мозокот
Стручните лица кои се занимаваат со мозок, предупредуваат дека има храна што е многу штетна за здравјето на мозокот. Луѓето кои ја јадат редовно, исто така можат да заболат од Алцхајмерова болест.
Постои и храна што е здрава за мозокот. Тука се вклучуваат морковите, бадемите, лешниците, бобинките и рибата.
Експертите посочуваат дека вештачките засладувачи кои се наоѓаат во разни слатки и шеќерни пијалоци се штетни за здравјето на мозокот.
Тие создаваат ризик од дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест.
Храната полна со транс маснотии е исто така нездрава за мозокот, како што се чипсови, крекери, мрсни колачи, пуканки од микробранова, маргарини, имитации на сирење и слично.
Газираните сокови исто така имаат многу шеќер и негативно влијаат на когнитивните функции на мозокот. Експертите наоѓаат врска помеѓу храната што содржи глутен, шизофренија и аутизам.
Рибата треба да се јаде умерено затоа што има риби полни со отровна жива, за што научниците исто така предупредуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа