Принцовите конечно ги закопаа воените секири: 2 години не се поднесувале, а тие ги смириле
Принцот Вилијам и Хари мака мачеле со напнатите односи веќе две години.
После одлуката војводата и војвотката од Сасекс да се откажат од кралските должности - ситуацијата помеѓу браќата станала уште полоша!
Но, верувале или не, токму Кејт Мидлтон и Меган Маркл низ тајни мировни преговори успеале да ги смират браќата и со тоа да запре тензијата во кралското семејство.
„Вилијам и Хари поминувале време далеку од официјалниот самит во Сандрингем, работејќи на својата врска и разговарајќи за иднината“, рекол изворот за британските медиуми.
20.01.2020 - 17:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа