Кога се родила докторите мислеле дека мајката го изневерила таткото - по 12. години добила сестра и сите биле изненадени
Девојчињата Асел и Камила Калганови се вистинска сензација во Казахстан, а полека, но сигурно, овие сестри стануваат познати ширум планетата.
Популарноста ја должат на фактот дека двете се албино, иако се родени со разлика од 12 години.
14-годишната Асел е многу барана како модел во татковината поради специфичниот изглед и несекојдневната физиономија, а по истиот пат тргнала и малата, сега 2-годишна Камила.
И додека тие две се целосно бели, со многу светла коса и веѓи, нивниот 8-годишен брат Алдијар има традиционален изглед на Казахстанец, па многумина биле скептично околу тоа кој е вистинскиот татко на децата.
Дури и мајката, 38-годишната Ајман Сакритова, мајка на овие девојчиња, била шокирана кога ја родила најстарата ќерка, а лекарите предизвикале своевиден скандал кога ја обвиниле дека таткото е всушност некој Русин.
„Кога ја родив Асел, генетиката овде не беше претерано развиена. Дури сега се развива. Докторите беа шокирани и беа уверени дека во себе има некоја руска крв. Кога почнав да ја изучувам нејзината состојба, дознав дека таа е всушност албино. На почетокот сите беа изненадени. Не знаев што да правам, како да живеам со тоа“, раскажала оваа мајка.
Асел почнала со моделинг кога наполнила 10 години, но во пар со Камила е уште поатрактивна и поинтересна на брендовите и огласувачите. Вели дека мора да води сметка за кожата повеќе од просечен човек, како и дека избегнува излоѓување на сонце.
View this post on Instagram
„Ако попладне излезам надвор, морам да ставам крема со фактор, со облека да го заштитам телото, да носам шешир дури и чадор. Навечер ми е многу полесно, кога нема соне“, рекла таа.
Нејзината мајка додала дека албино децата по ништо не се разликуваат од останатите, иако тоа околината тешко го прифаќа.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа