Туширањето секој ден е грешка: Лекарите соопштија и колку пати треба да ги миете рацете и забите

 

Можеби ќе ве изненади, но веројатно се туширате повеќе од потребното.

Според мислењето на лекарите и експертите, туширањето е доволно еднаш до два пати неделно. Секојдневното туширање ги отстранува добрите бактерии од кожата, што ја зголемува можноста за болести и инфекции.

Миење заби - забите треба да се мијат најмалку два пати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер. Сепак, треба да се мијат и после секое јадење за да ги заштитите од кариес и инфекции.

Миење раце - не е важно колку пати ги миете рацете, важно е во кои ситуации ги миете рацете. Најважно е да ги миете пред и после јадење, после извршување нужда, откако ќе исекнете нос, ќе кивнете или ќе се искашлате, а и во други ситуации кои влијаат врз вашето здравје.

Нокти - зависи колку брзо ви растат ноктите, но најлесно е тоа да го проверите преку нечистотиите под ноктите,. Штом почнат да се собираат нечистотии, време е за сечење нокти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега