Северина се огласи со емотивна порака: Никој и Ништо засекогаш остануваат Никој и Ништо
Северина и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ седум години водат судски спорови за старателство над синот Александар.
Во ноември минатата година, судот донесе привремена одлука детето на живее со таткото кој самостојно ќе се грижи за здравјето и образованието на синот.
Во врска со неодамнешните шпекулации, на Инстаграм се огласи Северина која ги преточи во зборови сета своја болка и емоциите кои „врескаат“ во неа.
-Поминаа 54 дена и „88 часа“…помина вечност. За овој живот многу пати доживеав неправда. Блиските ја продаваа мојата интима за ситни пари, а за големи и самите знаете што се’ може да се добие. Сепак на 28.11.2018 на ова лице имаше најмногу тага и неправда. Поминаа 54 дена во тага…Но, во тие денови имаше и „88 часа“ веселење и 54 дена нивна срамота. Мајка ми убаво ми рече, немој Никој и Ништо да те растажи. Никој и Ништо тој 28.11 ме измамија и својата тага и срамота ми ја донесоа, но не можеа да ја тргнат насмевката, ниту од оваа фотографија, ниту од бројните нефотографирани насмевки. Бидејќи Никој и Ништо засекогаш остануваат Никој и Ништо, стои во дел од објавата која ја напиша Северина на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа