Имал визија за пожарот во Нотр Дам, а сега најавува бурна 2020 година- едно предвидување се однесува на Трамп
„Предвидувачот“ на иднина Николас Аујула (34) ги сподели предвидувањата за 2020 година, а едно од нив се однесува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Навел дека оваа година ќе биде полна со настани и многу бурна.
„Видов многу протести- луѓе кои излегуваат на улица, не само тука, но ширум светот. Секако луѓето протестираат цело време, но ова што го гледам ќе предизвика масовни движења“ рекол тој. Истотака пречувствувам дека Трамп ќе биде поразен, но нема да замине во тишина“ додал тој.
Имал визија за тешки времениски прилики и силни ветрови во Британија.
Ова момче од Њу Молден во Англија верува дека во минатиот живот бил египетска кралица и лав и уште како дете имал натприродни визии.
Николас рекол и дека визии има и низ соништата, а други пак се случуваат додека шета.
Се верува дека тој претходно имал нколку успешни предвидувања, вклучувајќи го и пожарот во Нотр Дам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа