ФОТО: Актерката се потешко ја поднесува болеста - трпи страшно болки, а нејзините фотографии сите ги загрижија

 

Холивудската актерка Селма Блер објавила минатата година дека ѝ била дијагностицирана мултипла склероза, а деталите за својата борба со неизлечливата болест ги дели со своите следбеници на социјалните мрежи. Овие денови беше видена во Лос Анџелес, а болките кои ги трпи се повеќе од видливи.

Селма веќе зборуваше за страшните болки кои ги трпи, а неодамна кажа дека ѝ снемало опции да ги ублажи, поради нејзината состојба.

-Средствата за ублажување на симптомите не помагаат и се чувствувам се полошо и полошо - рекла актерката.

Таа деновиве беше фотографирана во Лос Анџелес на прошетка со момчето. Како што пишуваат тамошните медиуми, тргнале до ресторан во кој имало неочекувана гужва, па морале да стојат и да чекаат.

Таа не можела да чека поради силните болки, па заминале.

Selma Bler

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега