Кајли Џенер не може да поверува: Летав со истиот хеликопер и истиот пилот со кој загина Коби

 

Најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер откри дека и самата таа летала со хеликоптерот во кој загина Коби Брајант.

Таа рекла дека минатата година го изнајмила истиот хеликоптер и летала со истиот пилот со кој леташе и Брајант, 50- годишниот Ара Зобаајан.

Хеликоптерот го изнајмила минатата година во ноември за роденденот на нејзината внука Дрим, пишува Дејли Меил.

Девојчето добило лет со хеликоптер како роденденски подарок.

Кајли на својот Инстаграм профил објави дека летала со истиот хеликоптер и пилот од време на време и напиша, дека Ара бил многу фин човек и изрази сочуство до семејствата на загинатите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега