ФОТО: Томас Маркл покажа никогаш досега видени фотографии од Меган - „Хари е чувствителен 12-годишник“
75-годишниот Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, во бомбастичниот 90-минутен документарец кој беше емитуван на британската Канал 5 телевизија, изнел нови валкани детали за нивниот однос и раскажал дека плачел додека на телевизија ја гледал церемонијата за нејзиното венчање со принцот Хари.
Томас покажал досега невидени фотографии од својот семеен албум, на кои се види блискиот однос меѓу него и Меган.
Тој признал дека бил љубоморен на принцот од Велс додека му ја носел ќерката до олтарот, затоа што тоа требало да биде неговата задача.
Томас не разговара со Меган од 2018 година, а за прекин на нивниот однос го обвинува принцот Хари, зџа кој вели дека се однесува како чувствителен 12-годишник.
Мајкл за интервјуто добил пари, а изнесувањето на семејната интима за него не е проблем.
Тој се развел од мајка ѝ на Меган кон крајот на 80-те. Никогаш не го запознал внукот Арчи, а за односот со својата ќерка вели дека е комплициран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа