ВИДЕО: Кинси повторно во центар на внимание - полугола се појави на скијање со транспарент за Коби Брајант
Кинси Волански повторно најде начин како да го сврти вниманието на светските медиуми. Русокосата Американка стана позната минатата година кога влезе во провокативен костим за капење за време на финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид, а вчера повторно имаше свое „шоу“.
Таа овој пат во нејзин стил се обиде да ѝ искаже почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, која почина трагично пред три дена. Волански кратко го прекина машкиот слалом од Светскиот куп во Шладминг, Австрија, откако упадна на целната рамнина речиси полугола, мавтајќи со транспарент на кој пишуваше „Почивај во мир, Коби!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа