„Почнува реченица и не може да ја заврши“ - пријателите откриваат како се носи со трагедијата сопругата на Коби Брајант
Неутешната Ванеса после смртта на сопругот Коби Брајант и ќерката Џиана, како што пренесуваат медиумите, дава се од себе да биде силна пред трите ќерки за полесно да ја поднесе големата загуба.
„Многу е тешко и не може да изговори реченица, а да не заплаче. Дава се од себе да биде присебна пред ќерките затоа што мора да биде силна“, рекол зивор за „People".
За Ванеса малку се знае, својот приватен живот секогаш го држела далеку од камерите.
Кошаркарската легенда ја запознал првпат на снимање на спот кога имала 17 години и се уште била средношколка.
Таа се обидувала да изгради кариера како модел, а после 6 месеци од нивното запознавање се вериле.
Нивната врска била многу интересна за медиумите, Брајант тогаш имал 21 година, а Ванеса 17, па бил ангажиран и хеликоптер да лета околу училиштето на Ванеса за да ја фотографираат.
Поради притисокот на медиумите Ванеса не се појавила на матура и на сите можни начини ги избегнувала медиумите. Во 2001 година на интимна венчавка го кажале судбоносното „да“.
Родителите на Брајант не дошле на свадбата бидејќи сметале дека нивниот син е премногу млад да стапи во брак. Се противеле против нивниот брак и особено ги загрижувало тоа што Ванеса не потпишала предбрачен договор.
После многубројни семејни предизвици и абортуси кои Ванеса ги имала во 2005 година, на семејството Брајант му се случила уште една трагедија.
Во бракот добиле 4 ќерки.
Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија Онор Брајант настрадале во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа