Ирина Шајк: „Се чувствував како да сум родена во погрешно тело, дека треба да сум момче"
Една од најубавите манекенки на светот изненадила многумина со својата исповед.
Манекенката Ирина Шајк во интервју за списанието "Vogue" рекла дека како девојче се чувствувала заробена во погрешно тело, и дека не секогаш ја прифаќала својата женственост.
„Секогаш чувствував дека требало да се родам како момче. Не знам зошто. Можеби бидејќи татко секогаш сакаше син", рекла една од најубавите жени на светот.
„Кога почина, помислив: "Со оглед на тоа дека сум машко, сега е време да се грижам за семејството"", рекла Ирина која мислела дека никогаш нема да се омажи.
„Си мислела дека никогаш нема да се омажиш? Па имавте ли дома огледало? Божествена си, секој би те сакал", бил еден од коментарите.
Манекенката, зборувајќи за својот приватен живот, зборувала и за својот поранешен сопруг Бредли Купер, со кој ја има ќерката Леа.
„Мислам дека во добра врска секогаш мора да го покажете најдоброто и најлошото од вас. Таква е човечката природа. Двајца прекрасни луѓе не мора бидат и добар љубовен пар. Мислам дека сме многу среќни што заедно доживеавме се што доживеавме", рекла Ирина.
Манекенката сега, како што рекла, убаво се чувствува во своето тело, а многумина ја сметаат за една од најубавите и најсексапилни жени на светот.
Пред Купер, Ирина пет години била во врска со Кристијано Роналдо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа