„Беше херој, но и силувач”: Актерката ја разбесни јавноста и фановите на настраданиот Коби

 

Смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана предизвика шок ширум светот, но сепак тоа не спречи поединци да го валкаат името на славниот кошаркар.

Една од нив е и славната холивудска актерка Еван Рејчел Вуд која објавила твит во кој стои дека Коби бил силувач.

“Се случи трагедија и срцето ми е скршено поради семејството на Коби. Тој беше спортски херој. Тој исто така беше силувач. И двете вистини можат истовремено да постојат”, напишала Вуд која и самата била жртва на силување.

Илјадници луѓе ја нападнале актерката поради покојниот кошаркар:

„Како не ти е срам? Имај малку почит, загина и неговата ќерка”, ѝ порачале фановите на Брајант.

 

 

Поради огромниот број критики за нејзиниот твит, Еван Рејчел Вуд морала повторно да се огласи:

“Драги мои, ова не е осуда, ниту пофалба. Ова е потсетување на фактот дека секој од нас има различни чувства и постои простор во кој сите заедно можеме да жалиме наместо да се расправаме”, напишала Еванс.

Коби Брајант во 2003 година беше обвинет дека силувал собарка во еден хотел, но случајот беше отфрлен после една година бидејќи женaта не сакала да сведочи против него.

Собарката подоцна приватно ја тужела некогашната НБА ѕвезда и се спогодила за непозната сума на пари. Брајант, по скандалот јавно се извини и истакна дека не знаел дека нивниот однос не бил “обострано доброволен”.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега