ВИДЕО: Се фалел со кобра од 5 метри, а 2 часа подоцна бил мртов - семејството се одмаздило на змијата на посебен начин

 

Еден индонезиски скротувач на змии, познат само како Норџани, се фалел со кобра пред мештаните на селото Пак Утан.

Опасната кобра од 5 метри ја фатил една недела претходно и ја чувал во својата дрвена куќа за од неа да го извлече отровот за кој верува дека има лековити својства.

Ја вртел змијата и им ја покажувал на сите, меѓутоа, колку тоа нему му било забавно, на неа не, па станала агресивна.

Целосно очекувано, го каснала за рака. Иако мештаните му пришле да му помогнат, тој продолжил со играње со змијата сметајќи дека не му е ништо.

Кобрата го каснала по втор пат и тоа по лице. Тоа не го сопрело, продолжил да се смее.

Иако тврдел дека е еден од најдобрите исцелители во тој крај, два часа после перформансот, му се слошило, па бил префрлен во болница каде добил противотров.

Меѓутоа, отровот веќе се проширил на неговиот крвен систем и му немало спас.

Нешто подоцна истата вечер бил прогласен за мртов.

Неговото семејство во знак на одмазда ја убило кобрата така што ѝ ја пресекле главата.

Кралската кобра ја има на југот од Азија, а се смета за една од најсмртоносните змии на светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега