Батлер објавил дел од писмото кое му го дала Дајана пред смртта - открива дека знаела што ќе се случи со принцот Хари
Принцезата Дајана претчувствувала каква судбина го чека нејзиниот син Хари.
Паул Бурел, поранешниот батлер на трагично починатата принцеза Дајана објавил досега невидено писмо во кое Дајана отворено ја искажува безусловната љубов кој нејзините синови, принцовите Хари и Вилијам.
Бурел (60), кој служел кај принцезата Дајана полни 10 години до нејзината смрт, на Инстаграм споделил дел од посмото на Дајана за да му даде поддршка на принцот Хари и неговата сопруга Меган кои донесоа одлука да отстапат од кралската должност за конечно да можат да имаат нормален живот.
Паул објавил црно-бела фотографија од принцезата Дајана и принцовите додека биле мали деца, а во описот објавил дел од писмото кое таа му го напишала, а кое досега не беше објавено во јавноста.
„Додека Хари, Меган и Арчи се впуштаат во нов живот, ме потсетуваат на зборовите кои што принцезата Дајана ми ги напиша пред многу години. Тоа се зборови на мајчинска, безусловна љубов кои се точни и денес како и тогаш кога ги напиша, пред повеќе од 24 години. „До смрт ги сакам моите деца и се надевам дека семето кое сум го посадила ќе расте и ќе им донесе потребна сила, знаење и стабилност““ - напишал во објавата Бурел.
Бурел прво ѝ служел на кралицата Елизабета II, а потоа и на принцезата Дајана. Во нејзина служба бил полни 10 години, сè до нејзината трагична смрт во 1997-та година. Светската слава ја стекнал преку многубројните мемоари за животот со кралското семејство.
Тој често истакнувал дека се плаши за Меган дека ќе заврши како принцезата Дајана затоа што над неа таа имаше “медицински линч кој во 1997-та година ја однесе во смрт“.
„Бакингемската палата е минско поле за било која личност која првпат влегува таму. Луѓето поставуваат замки, не беа само љубезни кој ова младо девојче кое влезе во овој свет. Кој би посакал да биде дел од тоа семејство“ - изјавил Бурел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа