Видео кое го обиколи светот: Маж лежи мртов среде улица во Кина
Полиција и медицински тим со специјални одела вчера се собраа околу тело на мртов маж кое лежеше на улица во Вухан, епицентарот на епидемијата на корона вирусот.
Маж кој носеше маска на лицето, се „сруши“ срее улица и почина на плочникот.
Медицински работници се собраа околу него и бнимателно го завиткаа телото со ќебе па го однесоа во комбе.
По тоа медицински тим го дезинфицираше местото каде лежеше телото.
Се стравува дека вирусот ја предизвикал смртта на човекот, а реакцијата на полицијата и медицинскиот персонал во специјалните оддели укажува на стравот кој го зафати градот.
На видеото се гледа и граѓаникои преплашени бегаат од естото каде почина човекот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа