Со децении се зборуваше за провокативниот фустан на Дајана, но никој не ја знае точната вистина - на сите им падна во очи кога се појави
Принцезата Дајана, црниот краток фустан со впечатливо деколте го носеше на забавата за весникот „Венити фер“ во лондонската галерија.
И фустанот не бил нејзин прв избор. Напрво мислелада облече елегантен модел од модната куќа Валентино, но во последен момент се предомислила и извлеклае од ормарот креација на грчката креаторка Кристин Стамболиан.
Лејди Ди овој фустан претходно не го носела затоа што сметала дека е премногу провокативен дури и за модерна принцеза.
Дајана во 1994 година била слободна жена, затоа што во 1990 година се развела од принцот од Велс. Но, ова не била причина за нејзината одлука да облече провокативен фустан.
Причина бил документарецот кој на јавната телевизија се емитувал истата вечер кога била и забавата, а во кој принцот Чарлс за првпат говорел за односот со Дајана и првпат признал дека бил во врска со Камила Паркер Боулс, за што се шпекулирало претходно.
Дајана не сакала да седим дома и да плаче по Чарлс, па излегла во јавност и ја покажала својата убавина, заводливост, слобода, шарм...
Ана Харви, модна стилистка рекла дека Дајана таа вечер изгледала како милион долари.
После нејзината смрт фустанот бил продаден на аукција на шкотскиот колекционер Грејем Мекензи, пари биле дадени за неколку детски добротворни организации.
Подоцна на јавната сцена често владееле некои видови на копии на тој фустан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа