Таблетите за спиење може да одат во отпад - чаша од овој напиток ќе ве успие за неколку минути

 

Наместо таблета за спиење, еве рецепт за необичен чај со банана и цимет кој помага за да се опуштиме и последно да заспиеме. Едноставен, евтин, природен и здрав, па можете да го пиете секоја вечер пред спиење.

Ќе ви помогне да се опуштите и заспиете, а може и да ви послужи како дел од вечерниот оброк.

Необичен чај со банана и цимет за лесен сон

Потребно ви е:

една банана

помал сад со вода

1 лажичка цимет.

Подготовка:

Најпрво сечете ги краевите на бананата и фрлете ги. Доколку е бананата органска, добро измијте ја и користете ја со се кора, а доколку не сте сигурни, излупете ја и користете го само внатрешниот дел.

Водата во садот загрејте ја до вриење, а потоа додајте ја бананата и оставете ја да крчка околу 10 минути.

Чајот турете го шолја за чај и циметот додајте го на крај. Измешајте и на здравје, лесен сон!

Зошто оваа едноставна комбинација делува?

Познато е дека магнезиумот помага при несоница. Недостатокот на магнезиум е еден од клучните фактори за несоница. Бананата и нејзината кора се многу богати со калиум и магнезиум, па така чајот од банана помага за сите мускули да се опуштат и да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта, што го поттикнува телото да произведува хормони кои го подобруваат сонот.

Ако сакате да го пиете сладок, слободно додадете лажиче мед во чајот. Комбинацијата на мед и цимет го помага варењето, ја подобрува циркулацијата, го поттикнува имунитетот, ја ублажува кашлицата, придонесува за подобра циркулација.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за подобар сон и храна за опуштање пред спиење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2020 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега