Се разведе, ѝ даде на сопругата повеќе од 30 милијарди, а за крајот на неговиот брак ги обвини Саудијците - откриена вистината
Обвинителите од Менхетен имаат докази дека Лорен Санчез, девојката на Џозеф Безос, му дала на својот брат интимни пораки меѓу неа и Безос, кои подоцна ги продал на весникот „Нешнл енвајер“. Претходно, Безос тврдел дека спорните материјали, кои го довеле до развод бракот долг 25 години, таблоидите ги добиле од Саудијци кои му го хакнале телефонот.
Обвинителите добиле документи, вклучувајчи и порака од 10. мај 2018 година која од бројот на Лорен била проследена до нејзиниот брат Мајкл, а која содржела интимни допишувања со Безос. Меѓу доказите е и договорот од 2018 година според кој „Нешнл енквајер“ му исплатил на Мајкл Санчез 200.000 долари.
Овие докази биле направени за време на истрагата на тврдењата на Безос дека весникот изнудувал пари од него заканувајчи се дека ќе ги објави неговите голи фотографии, како и дека неговиот телефон бил хакнат. Најбогатиот човек на светот долго сугерирал дека извор за „Нешн енквајер“ била Саудиска Арабија.
Во јануари минатата година весникот ја разоткрил аферата на Безос со Лорен, истата недела кога милијардерот објавил дека се разведува од својата сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа