Заседа за синот на српската пејачка - погоден со неколку куршуми во близина на својот дом

 

Никола Перовиќ, чии родители се естраден менаџер и позната српска пејачка е застрелан во нога на агол од две улици, но не сакал да соработува со полицијата и да раскаже што се случило.

36-годишниот Никола, син на пејачката Сузана и Владо Перовиќ, менаџер и некогашен сопственик на дискотека, ранет бил вчера во околу седум часот.

На него засега непознат напаѓач испукал неколку куршуми и го погодил во нога, во близина на зградата во која живее со татко му.

Како што дознава Курир.рс татко му го однел со прострелна рана во болница, но момчето не сакало да соработува со полицијата.Се претпоставува дека мотив се нерасчистени сметки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега