Држејќи се за рака се збогуваа: Видео од постар пар заболен од корона вирус ги расплака сите

 

Додека во Кина, но и во остатокот од светот, луѓето се борат со смртоносниот корона вирус, на интернет кружи една емотивна снимка на која се гледа постар пар како се држи за рака.

Се работи за двајца 80- годишници, заболени од корона вирусот.

Имено баба и дедо лежат во кревет, со маски на лицето и се држат за раце.

Мажот нешто и зборува, се чини како да сака да ја охрабри својата сопатничка која се мачи секој ден со вирусот.

Над објавеното видео пишува:

„Што значчи пар. Двајца постари пациенти Во 80-те години, се простија на одделението за интензивна нега. Можеби ова е последен пат да се видат и држат за рака“ стои во објавата.

До сега во борба со корона вирусот, борбата ја загубија 427 лица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега