Зошто повеќе се занимаваме со своите грешки отколку со успесите?
Резултатите од сериозни истражувања на психолози покажуваат дека луѓето се склони негативните искуства да ги сметаат за поважни отколку што се и повеќе да се занимаваат со своите недостатоци, отколку со успесите.
Психолозите го истражувале природниот негативен став на луѓето кон себе и дошле до заклучок дека се развиваме така што негативните искуства и грешки ни се поважни отколку успесите.
-Самокритиката влијае на нашиот ум и тело, вели Риџард Дејвидсон, основач и директор на Центарот за здрави умови на универзитетот Висконсин-Медисон.
Во текот на еволуцијата луѓето сметале дека им се поважни недостатоците, грешките и пропустите отколку успесите. Дејвидсон вели дека таквиот начин на размислување може да влијае на нашата продуктивност и на нашето тело, така што може да придонесе до хронични болести и да го забрза стареењето.
Меѓутоа, самокритиката може да се промени во прилика да направиме нешто што би можело да придонесе во личен напредок. Научниците објаснуваат дека кога ќе ги научиме грешките во состојба сме да забележиме дека сме активирале механизам кој ја следи работата на нашиот ум и однесување.
-Тоа ни помага да ги забележиме нашите грешки и пропустите. Во некои случаи кога нашиот интегритет е загрозен, важно е нашиот ум да ни каже што е поважно и што е добро, а што е лошо и умот да може да го раздвои доброто од лошото, вели Дејвидсон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа