Сара добила модрнки по телото и веднаш отишла на лекар - една недела подоцна починала

 

Сара Армстронг имала симптоми на грип и модрнки по телото, а само една недела после тоа починала. Акутната леукемија го победила нејзиното младо тело.

Една вечер била со најдобрата другарка Даније Џонсон која изјавила:

„Ми рече дека не знае од каде ѝ се тие модрици, а јас ја советував веднаш да оди на доктор кој ја испрати на вадење крв. Ѝ беше дијагностицирана акутна леукемија. Таа секогаш беше насмеана и не сфати колку е сериозна ситуацијата“.

За дијагнозата дознала на 24. јануари, на 29. била испратена на хемотерапија, а веќе на 1. февруари починала. Зад себе оставила 2-годишна ќерка, сопруг и многу пријатели.

Сакала да ја фотографира нејзината состојба и нејзините фотографии да бидат споделени за да се прошири веста дека оваа болест брзо напредува. Имала желба да ги спаси животите на оние кои боледуваат од истата, а тоа се уште не го знаат. Данијел рекла дека Сара била многу позитивна.

„Силна и позитивна, полна со живот. Не можам да верувам, ние седевме и се смеевме пред да почине. Секогаш се смееше и ги засмејуваше другите. Се правеше за своите блиски, а беше и совршена мајка“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега