Се огласи Цеца во врска со убиецот на Аркан: „Се надевам дека ќе скапе во затвор до крајот на животот“
Вдовицата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Светлана Ражнатовиќ, искоментирала дека убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ ќе биде изречен во Србија од Јужноафриканската Република, и дека се чека само потпис на тамошниот министер за правда.
-Фала му на Бога што конечно ќе плати за злоделото за кое и моето и уште две семејства се завиени во црно. Божја правда е да биде затвореник во земјата во која и извршил злосторство и од која избега како последна кукавица. Се надевам дека до крајот на животот ќе труне во затворот и дека ќе има доволно време одново и одново да се соочи со своите недела - рекла Цеца за Курир.рс
Добросав Гавриќ имал 23 години кога му пришол на командантот на Српската доброволна гарда на 15. јануари 2000 година во тогашниот хотел „Интерконтинентал“ и пукал во него, во 44-годишниот Миленко Мандиќ манда и 47-годишниот Драган Гариќ.
Гавриќ, кој е осуден на 35 години поради убиството на Аркан, Манда и Гариќ од 2006 година е во бегство за да избегне затворска казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа