По грешка добил 55.000 исти писма: Можам само да ги запалам
Ден Кејн очекувал писмо, но наместо тоа кога отишол во пошта затекнал 79 кутии, а во секоја од нив имало околу 700 писма. Сите биле за него.
-Се шокирав. Дали се шегувате? Кој прави таква грешка, рекол Кејн.
Писмата стигнале од студентскиот кредит на компанијата Колеџ Авенју. Компанијата сакала на Кејн и неговата сопруга да им испрати известување за студентскиот кредит кои го земале за школување на својата ќерка.
Кејн изјавил дека компанијата се извинила и оти му рекле дека дошло до неред во системот за испраќање писма.
Портпаролот на американската поштенска служба изјавил дека испораката на 55.000 писма била невообичаена.
-Дури 55.000 писма кои се пратени на еден корисник не е нешто што често го гледаме. Меѓутоа, поштенската служба се обврзува да ја пружи најдобрата услуга, така што пратката која ја примаме мора да ја испорачаме на нашиот корисник, соопштиле од поштата во Охајо.
Дејн вели дека пакетите морал да ги пренесе дома на два пати, а верува дека компанијата ја чинеле илјадници долари за да ги испрати.
-Можам само да ги запалам, рече Кејн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа