Пронашле богатство вредно 13 милиони долари, но сето тоа ќе и припадне на кралицата
Двајца мажи пронашле огромно складиште на предисториски кованици во поле во Џерси во Велика Британија и поставија светски рекорд по бројот на пронајдени монети.
Ловците на богатство поставија рекорд во Велика Британија, пронаѓајќи речиси 70.000 римски и келтски кованици.
Потрагата траела 30 дена, а станува збор за монети од околу 50 години пред нашата ера и нивната вредност се проценува на отприлика 13 милиони долари.
Сепак, според Законот за ризници од 1996 година, богатството и припаѓа на кралицата, па наоѓачите немаат право на награда.
05.02.2020 - 22:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа