Подготвена за Оскарите: Атиџе со нова фризура ќе блесне на црвениот килим
Атиџе од документарниот филм „Медена земја“ кој е номиниран во две категории на „Оскарите“ си ги започна подготовките за доделувањето на најпрестижните награди.
Таа ја промени бојата на косата и со новата фризура изгледа подготвена за церемонијата на 9 февруари.
„Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“, напишаа на Фејсбук од едно познато фризерското студио во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа