Гради како балони: Толку ги зголемила што едвај ги носи, но не сака да престане со операции (ФОТО)

 

Фокси Менџдери (42) вели дека нема да престане да ги зголемува градите, бидејќи сака да изгледа како Џесика Ребит.

 Жената од Мичиген, носи Z корпа на градник и вели дека не планира тука да застане. Оваа 42-годишна жена моментално има импланти во вредност од 6.640 кубни сантиментри.

Фокси признава дека поради тежината на градите често се случува да изгуби рамнотежа и падне.

„Признавам, опседната сум со операции, но само поради тоа што ми се допаѓа резултатот. Одлично се чувствувам кога се ќе заврши, бидејќи тогаш ја гледам новата личност во која се претварам“, објаснила таа.

Иако ги обожава своите неверојатно големи гради, Фокси признава дека се соочува со бројни потешкотии.

„Тешко ги облакам чевлите, не смеам да се приближам до шпоретот кога готвам и неколку пати до сега ми се има случено да паднам додека се симнувам по скали“, вели таа.

Иако во детството била многу повлечена и срамежлива, Фокси после разводот одлучила дека сака да се занимава манекенство.

„Операциите допринесоа за мојата самодоверба, бидејќи тоа беше изгледот кој го посакував. Ми требаше многу за да дојдам до овој момент“, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега