Хорор во Флорида: Деветгодишно дете со нож ја бодело 5- годишната сестра и викало умри

 

Деветгодишно момче од Флорида е обвинето за обид за убиство на својата 5- годишна сестра и тоа со кујнски нож, минатиот месец во нивниот дом, јавува АБЦ Њуз.

Немилиот настан се случил  додека децата биле само дома.Мајката излегла да ја земе поштата и да земе нешто благо за децата од кај соседите.Кога се вратила видела како омчето со нож ја боде сестра и во спалната соба.

За време на нападот викал „умри, умри“!Мајката веднаш повикала полиција и брза помош.

Момчето изјавило дека со денови размислувало како да ја убие сестра си.

5- годишното девојче е пуштено од болница минатиот петок, а момчето е изведено пред суд и доделен му е јавен бранител, а тој е задржан во болница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега