Американските лекари покажаа како со еден потег може да се спаси животот на тешко заболените од коронавирусот
Американските лекари откриле дека ако пациентите со коронавирус се свртат на стомакот, тоа може да им го спаси животот, јавува Си-Ен-Ен, додавајќи дека со тоа се зголемува количината на кислород во белите дробови на пациентите.
"Така спасуваме животи, 100 проценти. Тоа е лесно да се направи и видовме огромно подобрување кај пациентите", вели д-р Мангала Наришман, директор на болницата за сериозно болести во ЉЊујорк.Како што објаснува Си-Ен-Ен, пациентите кои се заразени со вирусот на корона, често умираат од синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS), што е предизвикано од оштетување на паренхимот на белите дробови.
Луѓето со грип, пневмонија и други болести умираат од истиот синдром.
Пред седум години, француските лекари објавија статија во која се вели дека пациентите со АРДС кои биле на респиратори, имаат помала веројатност да умрат ако ги свртат да лежат на стомак.
Оттогаш, лекарите во САД впациентите кои се вклучени на респиратори, ги вртат на стомак да лежат.
Си-Ен-Ен наведува дека лекарите на тој начинтретирале еден пациент на Лонг Ајленд и дека стапката на заситеност на кислород од 85 се зголемила на 98 проценти.
Пациентите обично се оставаат да лежат на стомак околу 16 часа на ден, а остатокот од денот да легнати на грб, така што лекарите имаат подобар пристап до предниот дел на телото и можат полесно да им ги дадат потребните лекови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа