Транспортерите ќе протестираат поради зголемената акциза
Транспортерите најверојатно в понеделник или вторник ќе протестираат против зголемената акциза на бензинот, објави Макам-транс на Фејсбук.
-Секој од Вас кој сака да се придружи на протестот и е 100 % сигурен дека во понеделник или вторник ќе има слободно возило, нека се пријави во Макам-транс, се вели во повикот за протест.
Од Макам-транс велат дека огромен е револтот кон оваа владина антикризна мерка.
-Од една страна не можете да искористите некои од пакетите за помош донесени од Влада, а од друга страна некој решил и одлучил дека имате премногу средства и донесе т.н. антикризна мерка која директно ќе удри по вашите џебови и тоа се до крајот на 2020 година.
Правила за одржување на протест, блокада, штрајк ... Почитувани превозници, По соопштението на владата за покачување...
Posted by Makam-Trans on Wednesday, 22 April 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа