Ја обвинуваат дека го донела коронавирусот во Кина: На припадничка на американската војска животот и се претворил во пекол

 

Мајте Бенаси, резервистка во американската војска, која е обвинета од теоретичарите на заговор за „носење“ на коронавирусот во Кина, вели дека била жртва на „сајбер-малтретирање“.

Лажни тврдења секојдневно се објавуваат на Јутјуб, иако таа никогаш не била позитивна на коронавирусот, ниту пак имала никакви симптоми. Мајте Бенаси била мета на теоретичарите на заговор во март, неколку месеци откако бил регистриран првиот случај на новиот коронавирус во Кина.

Теоријата вели таа „го донела“ вирусот во Кина, затоа што учествувала на Светските воени игри во Вухан минатиот октомври.

Бенаси учествувала во трката со велосипеди, за време на која доживеала несреќа и завршила со скршено ребро и потрес на мозокот. Иако стотици спортисти од американската војска учествувале во игрите,  Мајте Бенаси била избрана за централна фигура во теоријата на заговор. Овие обвинувања го превртиле нејзиниот живот и животот на нејзиниот сопруг Мет. Тие велат дека нивната домашна адреса е објавена на Интернет, а нивните профили на социјалните мрежи биле преплавени со пораки од оние кои веруваат во теориите на заговор, пред да ги деактивираат.

„Тоа е како да се разбудите од лош сон и со денови да поминувате низ кошмари“, вели Бенаси, а пренесува Танјуг.

Иако социјалните мрежи презедоа чекори против ширење дезинформации за вирусот на нивните платформи, тоа не му помогна многу на парот Бенаси. Тие се обидоа да ја отстранат таквата содржина од YouTube и да го спречат ширење, но адвокатите и полицијата им рекле дека не може многу да се стори во врска со тоа.

„Сакам луѓето да престанат да ме вознемируваат. Тоа е сајбер-малтретирање и е надвор од контрола “, вели Мајте Бенаси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега