Американски експерт ги откри 10-те најголеми вистини за Ковид-19

 

Д-р Фриден, на крајот заклучил дека заразите не можат да се избегнат, но дека во иднина неподготвеноста за истите не треба да биде присутна.

Американскиот доктор и поранешен директор на Националниот центар за превенција и борба со болесто, д-р Том Фриден, направил список од ’10 вистини за Ковид-19’, известуваат од Си-ен-ен.

„Во текот на мојата 30-годишна кариера во сверата на јавното здравје, никогаш не сум видел нешто налик на коронавирусот кој што е застрашувачки и без преседан“ – оценил д-р Фриден на седницата за одборот, па продолжил:

Ова се 10-те вистини за коронавирусот:

1. Во Њујорк ситуацијата е многу лоша. Иако моментално бројот на заразени од инфекцијата се намалува, во Њујорк во текот на еден просечен ден под епидемија, и понатаму има дупло повеќе смртни случаи од вирусот, отколку од сите други болести заедно.

2. Колку и да беше застрашувачко, ова е само почеток.

3. Податоците се многу силно оружје против вирусот, затоа што користењето на податоци во дефинирањето на трендовите ни помага да го спречиме ширењето на вирусот, пред поедини случаи да прераснат во епидемиски бран.

4. Кога ќе успееме да го намалиме растот на кривата и да го намалиме бројот на новозаразени, мора да го ограничиме или пак да го изолираме вирусот.

5. Мора да пронајдеме баланс помеѓу економскиот рестарт и неконтролираното ширење на вирусот.

6. Мора да ги заштитиме здравствените работници и другите есенцијални луѓе, нашите херои од првата борбена линија во војната против коронавирусот.

7. Мора да ги заштитиме најчувствителните членови на нашето општество.

8. Владата и приватниот сектор, мораат заедно да се посветат на работата и непрекинато да инвестираат во масивните средстава на тестирање и дистрибуција на вакцината, и тоа што порано.

9. Не смееме да ги занемариме заболените пациенти од други болести, кои што немаат никаква врска со Ковид-19.

10. Подготвеноста е најважна, а ваква ситуација никогаш повеќе не смее да се повтори.

Д-р Фриден на крајот заклучил дека заразата е неизбежно нешто, но во иднина не смее да дозволиме да ја пречекаме неподготвени.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега