Едната е згодна инструкторка, а другата има 64 години: Ретко кој погодува која е мајка, а која е ќерка
Фитнес инструкторка од Австралија, Тифини Хол позираше со својата 64-годишна мајка, а фановите сè уште не можат да веруваат дека оваа дама е толку стара.
Тифини е позната по неверојатно интензивните режими за фитнес, но нејзината мајка Џенет Хол исто така се чини дека ја споделува љубовта кон активното живеење.
Ова дуо предизвика лавина коментари благодарение на нивните извајани тела.
Како и нејзината ќерка, Џенет е долгогодишна фитнес и таеквондо инструкторка и сè уште работи секој ден.
Во интервју за „Now To Love“, Тифини ја пофали посветеноста на нејзината мајка за фитнес и призна дека својот успех го должи на својата мајка.
Ретко кој знае од прв поглед да каже која е ќерка, а која мајка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа