„Ужасно е пребирлив“: Телохранителот на Каније Вест откри како пејачот се однесувал кон персоналот
Стив Станулис, еден од поранешните телохранители на раперот Канје Вест, открива дека хитмејкерот имал некои смешни правила. Тој тврди дека не му било дозволено да се движи на помалку од 10 чекори растојание, што дополнително му ја отежнувало работата.
„Имаше необични првила… Сакаше да стојам 10 чекори зад него на улица. Значи, очигледно е дека ако некој се појави и сака да стори нешто, јас додека стигнам до него и се обидам да го спречам, тоа веќе ќе се случи“.
Стив се сеќава на нивната прва средба кога се расправале за адекватниот протокол во лифт.
„Првиот ден кога се сретнав со него… беше модна недела. Требаше да разговараме во студиото. Штом влеговме во лифтот, тој рече: Нема ли да притиснеш на кој кат одиме? А јас реагирав: Немам поим кој кат, ова ми е прв ден!“
„Тој почна да вика: Зошто не се јави претходно за да дознаеш каде треба да одам. Јас му реков: Слушај батка, ова може да го направиме на три начина. Можеш да ми кажеш кое копче да го притиснам и во иднина ќе знам. Можеш да го притисеш копчето и ќе видам на кој кат е студиото. Или, трето, можеш да седиш овде цел ден и да зборуваш колку е важно твоето време и нема да одиме никаде. Тој се реши за првата опција“.
Стив тврди дека папараците некој ги известувал секојпат кога ги придружувал Канје и неговата сопруга Ким Кардашјан Вест и смета дека нема шанси тие случајно да бидат таму речиси на секое излегување на парот.
Во разговор со Дакс Холт и Адам Глин на нивниот поткаст „Холивид роу“, тој рече: „Прво и најважно, папараците секогаш се известуваат однапред. Тие обично се повикуваат да дојдат“.
„Како поинаку сите овие луѓе би дознале дека тие излегуваат. Некој, дефинитивно, се јавува однапред. Ова е мое мислење… велам дека е коинциденција – каде и да одиме, тие (папарците) се веќе таму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа