Прободувањето со нож ѝ ја прекина кариерата, а сега се бори со нова траума: Моника Селеш проговори за нарушеното здравје

 

Поранешната прва светска тенисерка Моника Селеш, чија брилијантна кариера како девојка ја прекина психопат, кој ја прободе со нож, призна дека е со нарушено здравје.

„Имав проблем со анксиозност уште од детството. Среќна сум што навреме добив помош, но сепак се борам кога се чувствувам под стрес и изолирано. Анксиозноста нема граници и сите ние што го имаме овој проблем се чувствуваме поинаку”, рече Моника во видеото по повод Светската недела на ментални болести.

Да потсетиме, во кобната 1993 година, кога Моника имаше само 20 години, беше прободена со нож од Гинтер Пархе, обожавател на Штефи Граф со ментално пореметување.

Откако претрпе голема траума во Хамбург, Селеш се врати во тенисот по две години, но никогаш не беше на исто ниво како порано.

„Се обидувам да вметнам каква било форма на движење во мојата дневна рутина. Трчање, танцување и моето омилено – шетање на кучето. Уживам да разговарам со пријателите и тие навистина ми помагаат да минам низ некои многу тешки периоди во мојот живот”, откри Моника и даде совети на сите што страдаат од истата мака:

„Ако сте родител или тинејџер кој се бори за време на оваа криза, ве молам, знајте дека не сте сами“, е пораката од Моника Селеш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега