Селена од Србија 7 години чекала да ѝ процвета цвеќето - сега во дворот се шири мирис на расипано јајце

 

Цветот кој мириса најлошо на светот, а цвета на секои 7 години, трае само три дена и процветал во Бадовинци кај Богатиќ во дворот на Селена Поповиќ.

Имено, Селена пред 7 години на пазар купила луковица затоа што ѝ се допаднал цветот на фотографијата, па за него дала дури 50 евра.

Таа гордо го покажала џиновскиот преубав цвет, кој цвета само еднаш во 7 до 9 години, но мирисот, поточно смрдеата која ја шири околу себе на 500 метри од него е неиздржлива.

„Не ми е жал што толку долго чекав, сега повторно ќе чекам. Еве, јас едвај стојам крај него и едвај можам да издржам. Иако, кога знаете што ќе видите, земате воздух и издржувате. Емитува мирис кој потсетува на расипано месо, расипано јајце, така нешто“, рекла Селена за утринскиот програм на ТВ Прва.

Цветот трае само 3 дена, а токму затоа што ретко цвета и кратко трае, атракција е по бројните ботанички градини во светот.

„Прочитав дека во Швајцарија во ботаничка градина го виделе 25.000 луѓе за два дена, затоа што е атракција“, рекла Селена и објаснила дека во природа не може да се најде.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега