На која рака се носи бројаницата и дали смеете сами да си ја купите - таа не е ниту талисман, ниту нараквица за среќа
Сигурно некогаш сте слушнале или некој ве посоветувал дека бројаницата треба да се носи на лева рака, а не на десна. Дали навистина постои правило за тоа?
Носењето бројаница на лева рака, како и нејзиното држење во левата рака за време на молитва е чисто практична работа. Не нѐ обврзува дека мораме така да постапиме.
Бројаницата за време на молитва ја држиме во лева рака затоа што со десната се крстиме, односно не можеме во исто време да се крстиме и да одбројуваме молитви со една рака.
Кога не користиме бројаница за време на молитва, а тоа е нејзината единствена улога, најдобро е да ја чуваме некаде на полица или маса каде што имаме молитвеник, Псалтир, Свето Писмо кои ги користиме за време на молитва.
Исто така, бројаницата можеме да ја носиме со себе, ако одиме на пат или слично.
Бројаницата треба да ја носите како молитвен знак кој е врска со Господ, немојте никогаш пред сите да се молите и да „мавтате“ со неа, туку дискретно кажете ја молитвата.
Бројаницата не е никаков „талисман“ за среќа, како и „нараквица за деца со која убаво ќе спијат и нема да имаат кошмари“. Нејзината улога и намена е поврзана со молитвите.
Суеверието дека бројаница мора да ви купи некој друг, нема никаква поврзаност со верата. Убаво е да ја подарите на некој кој ја нема, но не е нужно некој да ви ја купи за да ја имате, а и никој не одредува на која рака треба да се носи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа