Спречете го влегувањето на студот под вратите и прозорците: Евтин трик што ја чува топлината, струјата и парите!
Ладните денови пристигнаа и сега мора да се догреваат бањата, собите и целиот дом.
Сите го обожаваме оној момент кога од ледените температури надвор конечно ќе пристигнеме во топол дом, но што ако имаме лоша изолација на вратите и прозорците?
Овој едноставен трик ќе ви заштеди и на топлина и на струја или огрев, а со самото тоа и пари!
Сè што треба да направите е да купите гумена дихтунг лента и со неа да ги обложите рабовите на вратите и прозорците.
Оваа лента е одлично решение и ако имате пукнатини во столаријата или околу неа – бидејќи е многу еластична, можете да откинете парченце и со неа да ја пополните дупката.
Студениот воздух повеќе нема да може да влегува, а вашиот дом ќе биде значително потопол со малку труд и потрошувачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа