Страшна несреќа го потресе регионот: Се преврте абтобус, има загинати
Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот А3 помеѓу клучките Поповача и Криж.
Полицијата соопшти дека несреќата во која бил вклучен автобус со босански национални ознаки се случила помеѓу 82-ри и 83-ти километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот е прекинат и се пренасочува по државни, окружни и локални патишта.
– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за HRT Маја Филиповиќ , службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.
Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности на трагедијата, на која се наоѓаат сите служби за итни случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа