Беше како на филм, силен тресок и врескање по судирот на автобусот и автомобилот, вели очевидец по страшната сообраќајка во Хрватска

 


Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во страшната сообраќајка што се случи на автопатот А3 низ Хрватска вчера ноќта. На кобната несреќа, во која учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина, ѝ претходел „судир“ на автомобил голф и срна, која излетала на автопатот.

„Автомобилот налета на срна која истрча на патот. Возачот очигледно не можел да го придвижи автомобилот после тоа, но излегол на патот и мавнал кон другите автомобили за да ја намали брзината и да застане. Возачот на автобусот што доаѓал не застанал и удрил во тој автомобил, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивен правец“, изјавил Мирослав Голуб од противпожарната служба, пренесува 24сата.

Очевидци раскажале за ГП Маљевац како изгледале застрашувачките моменти по судирот. “Тоа беше како на филм.

„Се слушна силен тресок, а потоа и врескање. Луѓето се обидуваа да излезат низ скршените стакла на автобусот. Возачот на автомобилот стоеше на страна и мавташе за да ги предупреди другите, но не успеа”, рекол сведок на хоророт на автопатот.

04.05.2025 - 12:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега