Измените на Законот за финансирање на политичките партии пред пратениците
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 47. а потоа и продолжение на 34. седница.
На дневен ред на 47. седница се вкупно 12 точки. Пред пратениците на денешната пленарна седница е Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен по скратена постапка од пратениците на Левица, кој предвидува удвојување на роковите за застарување на кривичните дела и воведување на незастарливост за кривичните дела против службената должност. Исто така, од Левица по скратена постапка поднесен е и Предлог на закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
На дневен ред се и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување на Законот за културата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, сите по скратена постапка.
На 34. седница, пак, треба да се гласа за повеќе точки кои претходно биле разледани од пратениците. На дневен ред за дебата се и Предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка -
Во Собрание денеска ќе се одржи и конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа