Груевски се јави од Будимпешта: Се смеам кога ќе се сетам кој се беше против
Поранешниот претседател на македонската Влада, Никола Груевски, периодов е доста активен на социјалните мрежи, па така и вчера сподели статус за арената “Филип Втори”, подоцна преименувана во “Тоше Проески”.
- Арената “Филип Втори”, подоцна преименувана во “Тоше Проески”, вброена во топ 10 стадиони на Балканот според sportsrender.com. Имаме причина да бидеме горди, особено кога ќе се потсетиме како изгледаше претходно, и како растеше заедно со целокупниот напредок во тоа време на многу полиња. И повторно, по којзнае кој пат се засмејувам кога ќе се сетам на сите оние кои пред петнаесетина години беа против, се сомневаа или јавно изјавуваа дека ќе паднеле новоизградените трибини, напиша Груевски.
Поранешниот премиер ја промовираше и својата нова книга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа