(ВИДЕО) Се огласи МВР по пукањето во Штип
Вечерва имаше пукање на градскиот плоштад во Штип.
Имено, двајца студенти – државјани на Турција се пресметале во кафуле.
Според неофицијални информации, еден од нив загина.
Безбедносните камери пак го фатија и моментот кога едно од момчињата пука кон другото лице.
„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, објаснија од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа