Ердоган: Турција е подготвена
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да ја даде потребната поддршка во секоја фаза од преговорите меѓу Украина и Русија.
„Волјата на Русија и Украина за продолжување на директните преговори е исклучително важна и Турција е подготвена да ја даде потребната поддршка во секоја фаза од процесот“, рече Ердоган за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Кабинетот на Ердоган, пренесува Анадолија.
Забележано е дека на разговорите се разговарало за билатералните односи меѓу Турција и Украина, регионалните и глобалните прашања.
Ердоган изрази задоволство што Турција ќе биде домаќин на руската и украинската делегација и додаде дека сеопфатниот прекин на огнот ќе ја обезбеди потребната средина за почеток на мировните преговори.
Тој заклучи дека „не смее да се пропушти шансата“.
Зеленски му се заблагодари на претседателот на Турција за неговата поддршка и „подготвеноста да ја промовира дипломатијата на највисоко ниво“.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, а дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Украинскиот лидер се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа