СОС Детско село со takeover ден посветен на важноста на семејството за секое дете

 

СОС Детско село по повод Интернационалниот ден на семејството, го организира првиот медиумски takeover ден во Македонија. Целта е заедно со медиумите да се крене гласот и да се подигне свеста кај пошироката јавност за важноста на семејството во животот на секое дете.

-Овој уникатен настан има за цел на овој ден заедно со медиумите да го кренеме  гласот и да ја подигнеме свеста кај пошироката јавност за важноста на семејството во животот на секое дете, особено за децата без родителска грижа кои зад себе носат трауми, но пред себе сè уште имаат надеж за иднина, соопштија од СОС Детско село

Од СОС Детско село порачуваат дека секое дете заслужува да расте со љубов, во грижливо семејство и со насмевка на лицето.

По повод Интернационалниот ден на семејството, направена е песна насловена „Насмевка“, чиј автор е Игор Атанасоски- Гуру Харе, кој заедно со 10 македонски музички уметници: Игор Џамбазов, Пере Нокаут, Сара Мејс, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Влатко Лозано, Тамара Тодевска, Мијата, Андријана Јаневска и Стефан од Некстајм се приклучија на повикот за љубов, поддршка и заедништво.

15.05.2025 - 09:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега