Седнал пијан и без возачка зад волан па нанаправил сообраќајка, приведен 31-годишник од Македонска Каменица
Денеска во 02.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода 31-годишниот М.С. од Македонска Каменица.
При вршење увид на сообраќајна незгода на ул.„Церска“ со лесни повреди и по преземени мерки било констатирано дека тој го управувал возилото „сеат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Лицето било исклучено од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа