Автомобил излетал во Охрид: две малди лица тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
22.05.2025 - 10:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа