Ја турнал и ѝ ја зел ташната: Тинејџер потешко повредил старица во Кавадарци
19-годишник од Кавадарци е уапсен синоќа по претходна пријава за „разбојништво“.
Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, тој ја турнал и на сила и ја одзел ташната на В.А.(75) од Кавадарци, во која имала 3 000 денари и мобилен телефон „моторола“, а В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци.
-Во близина на местото на настанот била пронајдена ташната, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа